Утрински Весник
Економија

Намален бројот на работници во индустријата

Rabotnici.webp.webp

Бројот на работниците во индустријата е намален за 2.6 % во јули 2026 во однос на истиот месец лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во секторот Рударство и вадење камен бројот на работниците се намалил за 7.8 %, во секторот Преработувачка индустрија за 2.3 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.9 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јули 2026 година, во однос на јули 2025 година, се намалил во групите Енергија за 3.3 %, Капитални производи за 2.3 %, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.6 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 2.4 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 2.0 %.

Можете да прочитате

Николоски: Превозниците да не потпаѓаат под влијание на лажните вести

Димитриеска-Кочоска: Раст на БДП од 4,3 проценти – потврда дека економијата забрзува

Индустријата расте, но рударството паѓа – без нови инвестиции секторот ризикува дополнително да се намалува