Утрински Весник
Македонија

Луксузот од „Плацеви на Водно“ оди на попуст: Становите на Груевски поевтинеа за по 200.000 евра

611917425 1438078451014748 257333680924632891 n.jpg

Трите луксузни апартмани во комплексот „Панорама Резиденс“ на Водно повторно се најдоа на пазарот, но овојпат по значително пониски почетни суми. По три неуспешни обиди да се пронајдат купувачи, Агенцијата за управување со одземен имот ги намали цените за околу 200.000 евра по стан. Овој имот беше дефинитивно одземен со правосилната пресуда за случајот „Плацеви на Водно“, каде што обвинителството докажа дека становите претставуваат скриен имот поврзан со поранешниот премиер Никола Груевски.

Најголемо намалување има кај апартманот со површина од 199 квадратни метри. Наместо првичните 847.000 евра, неговата нова почетна цена изнесува 635.200 евра. Вториот стан, кој се простира на 155 квадратни метри и претходно се нудеше за 760.000 евра, сега се продава за 569.662 евра. Третиот апартман од 200 квадратни метри наместо претходните 850.000 евра, сега е понуден за 638.000 евра.

Сите три апартмани зафаќаат вкупна површина од 750 квадратни метри, луксузно се опремени и располагаат со пространи тераси од по 48 квадратни метри. Според објавените фотографии, еден од становите е опремен и со приватно џакузи на балконот.

Заинтересираните купувачи ќе можат да ги разгледаат становите на 10 септември, додека електронското јавно надавање е закажано за 21 септември.

Случајот „Плацеви на Водно“ се однесуваше на незаконско стекнување имот и злоупотреба на партиски донации во периодот од јуни 2006 до октомври 2012 година. Според обвинението, Груевски присвоил околу 1,3 милион евра од партиски донации, кои потоа ги пласирал за купување на атрактивното земјиште и имот на Водно. За ова дело тој првично беше осуден на седум години затвор, казна која Апелацискиот суд подоцна ја преиначи и зголеми на девет години.

Можете да прочитате

Николоски: Набавивме 49 нови специјализирани возила за комунална хигиена, најголема поддршка на Владата за општините во обезбедување на комуналните услуги за граѓаните

По повод 8 септември ќе биде отворен граничниот премин кај селата Огут и Калово помеѓу Македонија и Србија

Возач од светиниколско возел без дозвола и под дејство на алкохол и со возилото излетал од патот