Утрински Весник
Скопје

Пороен дожд, грмежи и силен ветер во Скопје

Dozd.jpg

Силното невреме што попладнево зафати повеќе делови од Македонија вечерва стигна и во Скопје. Главниот град е зафатен од пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира за атмосферска нестабилност во Скопје, со врнежи кои на места се со пороен карактер, проследени со електрични празнења и засилен ветер.

„Умерен до пороен дожд, грмежи и засилен ветер во Скопје!“, информира УХМР.

Уште во текот на денот метеоролозите предупредија дека во попладневните часови ќе има услови за нестабилност, а локално процесите може да бидат поинтензивни со силен ветер, обилен дожд, грмежи и појава на град. За Скопската Котлина беше најавена можност за краткотрајно невреме.

Нестабилноста претходно зафати повеќе градови во земјава, а пороен дожд, грмежи и засилен ветер беа регистрирани во повеќе региони.

Поради дождот и наглата промена на временските услови, се препорачува зголемена внимателност во сообраќајот, особено на места каде што коловозите се влажни и видливоста е намалена.

Можете да прочитате

Герасимовски: Утре јавна презентација на Нацрт ДУП за Барутана, граѓаните да се вклучат со свои предлози

Мицкоски: Условите на делницата Зелениково – Скопје се европски, продолжуваме со проектите за кои ја добивме довербата од народот

Четвртоодделенците во Аеродром и годинава добиваат таблети