Утрински Весник
Македонија

Притвор побаран за 19-годишник, со малолетниот брат избоделе дете и возрасен во Чаир

Img 3104.jpeg

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 19-годишно лице осомничено за кривичното дело „Насилство“, согласно член 386 став 6 во врска со ставовите 3 и 1 од Кривичниот законик.

Според сомневањата на Обвинителството, осомничениот заедно со својот малолетен брат, кој е под законски утврдената возраст за кривична одговорност, презеле насилни дејствија при кои биле повредени три лица.

Во нападот, едно дете и едно полнолетно лице се здобиле со тешки телесни повреди нанесени со убоди од нож, додека уште едно дете се здобило со полесни повреди.

Како што информираат од Обвинителството, со насилството кај присутните лица и во јавноста било предизвикано чувство на несигурност, загрозување, страв и вознемиреност.

Поради постоење на законските основи, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за 19-годишниот осомничен.

Малолетниот брат на осомничениот е под законската граница за кривична одговорност.

Можете да прочитате

Сомнителен случај во Скопје: Изваден шраф и олабавени уште три на тркало – добивал и закани две години

Граѓански организации бараат итно разрешување на директорот на АОПЗ, Далибор Китановиќ

Градоначалник и раководител заработија кривична – спорни одобренија за фотонапонски панели