Утрински Весник
Македонија

ЕОС Матрих Македонија на пиедесталот во рамки на EOS Групација

Photo katerina boshevska.jpg

ЕОС Матрих Македонија уште еднаш потврдува дека големината на пазарот не е пресудна за извонредноста на резултатите, како и дека континуираниот успех се гради со долгорочна работа, професионалност и постојано унапредување.

Континуитетот во остварувањето силни деловни успеси и амбицијата за постојан раст ја позиционираат ЕОС Матрих Македонија како „скриен шампион“ во рамки на Групацијата. Иако работи на еден од помалите пазари, компанијата со години покажува дека оперативната извонредност, иновациите и претприемачкиот дух можат да создадат влијание што е далеку посилно од големината на самиот пазар.

Едно од клучните, а воедно и најзначајно достигнување во досегашното работење на компанијата е најголемиот откуп на портфолио во историјата на ЕОС Матрих Македонија, при што интегрираниот обем е речиси половина од сите претходно реализирани аквизиции на компанијата. Ова достигнување е резултат на долгорочна работа, континуирано унапредување на процесите, автоматизација, скалабилност и постојано барање поефикасни начини за работење.

Стратешкото значење и успешното работење на ЕОС Матрих Македонија неодамна беа потврдени и со посетата на високото раководство на Групацијата. Во земјава престојуваа Петра Шарнер-Волф, извршна директорка на Otto Group, Марвин Рамке, главен извршен директор на EOS Holding GmbH, како и Карстен Тидоу, одговорен за Источна Европа во EOS Групацијата. Во фокусот беа новите деловни можности и инвестиции, како и начинот на кој автоматизацијата и вештачката интелигенција дополнително го поддржуваат растот на компанијата.

Со повеќегодишно искуство и значајни инвестиции, ЕОС Матрих Македонија е еден од клучните чинители во финансискиот сектор во земјава. Компанијата денес управува со портфолио од 150.000 предмети, од кои над 20 отсто се веќе затворени, додека вкупните инвестиции на македонскиот пазар надминаа 30 милиони евра. Покрај преземањето комплексни портфолија на нефункционални пласмани, компанијата континуирано инвестира во дигитални алатки и напредни ИТ решенија, со што дополнително ја унапредува ефикасноста и квалитетот на своето работење. ЕОС Матрих Македонија од година во година ги унапредува своите деловни процеси, со цел да се создадат нови решенија и да се одговори на идните предизвици на пазарот.

„Тоа што сме помал пазар никогаш не ја ограничи нашата амбиција. Постојано бараме нови начини за раст, иновации и создавање вредност. Неодамнешната посета покажа дека она што го градиме е важно не само за нашиот пазар, туку и за целата EOS Групација“, изјави Катерина Бошевска, главен извршен директор на EOS во Македонија.

Извршната директорка на Otto Group, во својата објава по посетата ја истакна енергијата, експертизата и претприемачкиот дух на тимот во Северна Македонија.

„Силните деловни резултати се градат врз силни партнерства, јасно стратешко размислување и одговорност. Приказната за EOS во Северна Македонија нè потсетува дека одличните резултати не се одредени од големината на пазарот“, нагласи Шарнер-Волф.

Успехот на ЕОС Матрих Македонија беше препознаен и од главниот извршен директор на EOS Holding GmbH, кој посочи дека претприемачкиот дух што го покажува компанијата е пример од кој може да учи целата Групација.

„Годините на постојана енергија, решителност и амбиција ја направија Катерина и нејзиниот тим клучен играч во нашата индустрија во Северна Македонија. Ова уште еднаш покажува дека нашите компании на помалите пазари не се споредни проекти, туку важни двигатели на успехот на целата Групација“, порача Рамке.

Во деловната 2025/26 година, Групацијата EOS реализираше втор највисок обем на инвестиции во својата историја, со вкупно една милијарда евра вложени во портфолија на побарувања. Источна Европа остана еден од клучните двигатели на растот, а во рамки на регионот значајни инвестиции и аквизиции беа реализирани и на помалите пазари.

Во таков контекст, резултатот на ЕОС Матрих Македонија е препознаен и од Групацијата EOS. Компанијата покажува дека и на помал пазар е можно да се даде значаен придонес кон стратегиските цели на голема меѓународна Групација. 

Можете да прочитате

Професионалните возачи на протест пред ЕУ: „На пат сме за работа, не за одмор“

Николоски: Соработката со ЕВРОКОНТРОЛ е одлична, работиме на унапредување на ефикасноста и квалитетот на воздушниот сообраќај во Македонија

ВЛЕН: ДУИ ќе мора да одговори за сопственото минато