Утрински Весник
Македонија

Лишени од слобода три лица во Гостивар, пронајдена марихуана

Image 2026 08 30 125920405.png

На 29.08.2026 во 17:20 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода А.Л. (22) од с. Видуше, гостиварско, и Ѓ.Т. од Гостивар. При преземање мерки и активности, кај А.Л. била пронајдена марихуана.

Подоцна, во 23:00 часот, по добиена судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот и помошните простории на А.Л., при што била пронајдена марихуана.

Исто така, на 30.08.2026 во 00:40 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода М.А. (19) од с. Падалиште, гостиварско. При извршен преглед кај него била пронајдена марихуана, а пред влезната врата од зградата во која непријавено престојува, во картонска кутија, биле пронајдени марихуана и дигитална вага за мерење.

По целосно документирање на случаите, против лицата ќе следуваат соодветни пријави.

Можете да прочитате

Затвореник од „Идризово“ почина, се качил на бандера и фатил жица под напон

Воен хеликоптер за три часа исфрли 28 тони вода во гаснење на пожарот на Пелистер

Зајкова: Што ќе се случеше ако имаше луѓе во запалениот автобус на Водно