Утрински Весник
Македонија

Пожарот во Националниот парк „Пелистер“ локализиран, противпожарни единици цела ноќ на терен

20260830092406 big 730x400 83.webp.webp

Состојбата со пожарот што го зафати Националниот парк „Пелистер“ утринава е стабилна, тој е локализиран, но опасноста од негово ширење и натаму е голема, информира директорот на НП „Пелистер“ Иванчо Тошевски. Претпладнево ќе се интервенира со хеликоптер, како и со два ертрактори.

Пожарот што започна вчера во близина на атарот на село Подмочани набргу се рашири во пониските делови на НП „Пелистер“ од страната на Преспа. Во неговото гаснење интервенираа екипи на НП „Пелистер“, противпожарните единици на Битола и Ресен, со поддршка на огнениот тим на Дирекција за заштита и спасување, потоа екипи со луѓе и механизација на јавните претпријатија од Битола и приватни фирми, организирани од градоначалникот на Битола Тони Коњановски, а имаше и воздушна интервенција со двата ертрактори.

Во текот на целата ноќ на терен интервенираа припадници на доброволното противпожарно друштво „Архангел“, екипи на националниот парк, пожарникари од Битола и екипи со механизација од јавните претпријатија од Битола.

Зафатена е голема површина, а опасноста од ширење зависи и од временските услови во текот на денешниот ден.

Надлежните уште еднаш апелираат за одговорно однесување во шумите за да не се случи поголема катастрофа.

Можете да прочитате

ДУИ: Автопатот Скопје- Блаце планиран без булеварот „Хасан Приштина“

Поповиќ: Фалсификувани возачки дозволи во МВР, бараме одговорност од Тошковски

Неексплодирана бомба пронајдена во Охридското Езеро, во близина на кеј „Македонија“