Утрински Весник
Македонија

Со натчовечки напори на пожарникарите изгаснат голем пожар над Дебар

20260830011609 big 730x400 14.webp.webp

По повеќечасовна борба со пламените јазици дебарските пожарникари пред полноќ успеаја да го изгаснат пожарот кој избувна над градот, во атарот на селото Татар Елевци.

-Со натчовечки напори успеавме да го изгаснеме големиот пожар што зафати површина под селото Татар Елевци, над самиот град. Убедени сме дека истиот беше подметнат, рече за МИА, Џетан Мифтароски, командир на Територијална противпожарна единица.

Станува збор за тешко пристапен терен, а биле зафатени нискостеблеста, дабова шума и сува трева.

Поради високите температури и зголемениот ризик од пожари Мифтароски упатува апел до сите граѓани да се однесуваат одговорно.

-Го повторуваме апелот за претпазливост, до граѓаните, земјоделците, сточарите, со цел спречување на појава на пожари на отворен простор. Сите треба да бидеме свесни дека со нашето совесно однесување придонесуваме во заштитата на животна средина, имотите и заедниците во целина. Потсетувам дека во сила е целосната забрана за движење во шумите, која е продолжена до 30 септември, рече Мифтароски.

Четиринаесетте пожарникари на оваа единица, интервенираат на подрачјето на општините Дебар, Центар Жупа, како и подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше. Од хуман аспект, а во согласност на локалните власти на двете општини, тие интервенираат и во пограничните населени места од албанскиот округ Пешкопеја, при неопходна потреба.

Можете да прочитате

Нема докази за обвинение: Зошто беше запрена истрагата за „Мазут“?

ЛДП: Двојни аршини на Владата – за граѓаните експресна казна, а за функционерите простување

ДУИ: Зошто ВЛЕН не се осмелува да го спомене Иван Стоилковиќ