Утрински Весник
Свет

Зеленски: САД го информираа Киев за состаноците во Москва

Zelenski.webp.webp

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека САД го информирале Киев за серија состаноци одржани во Москва изминатите денови.

– Денеска добивме информации од американската страна за состаноците во Москва, што се одржаа изминатите денови. Таму беа одржани серија состаноци, објави Зеленски на Телеграм, без да прецизира кој присуствувал на состаноците.

„Волстрит џурнал“ пред два дена објави дека директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), Џон Ратклиф, отпатувал во Москва за да ја предупреди Русија да се воздржи од каков било напад врз земјите-членки на НАТО.

Кремљ ги негираше информациите, а американскиот претседател Доналд Трамп истакна дека рускиот претседател Владимир Путин нема да нападне земја-членка на НАТО.

Можете да прочитате

МААЕ пријави три напади со беспилотни летала врз нуклеарната централа Запорожје

Ново предупредување од опасност од поплави во Непал

Од виенскиот Музеј за применета уметност украден ѓердан вреден околу 3,7 милиони евра