Утрински Весник
Скопје

Меџити: Пријателството меѓу Северна Македонија и Турција останува силен мост на соработка

Img 6487.jpeg

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, по повод завршувањето на дипломатската мисија на амбасадорот на Република Турција во Северна Македонија, Фатих Улусој, изрази благодарност за неговиот придонес и соработката во текот на неговиот мандат во земјава.

Меџити го истакна отворениот, пријателски и конструктивен пристап на амбасадорот Улусој, нагласувајќи го неговиот значаен придонес во унапредувањето на соработката и зајакнувањето на односите меѓу Северна Македонија и Турција.

„Амбасадорот Фатих Улусој, со својот отворен, пријателски и конструктивен пристап, даде значаен придонес во унапредувањето на соработката и зајакнувањето на односите меѓу нашите две земји. Му благодариме за одличната соработка и коректноста во текот на целата негова дипломатска мисија и му посакуваме многу успех во идните ангажмани. Пријателството меѓу Северна Македонија и Турција останува силен мост што заеднички ќе продолжиме да го градиме и зајакнуваме”, изјави Меџити.

Завршувањето на мандатот на амбасадорот Улусој означува крај на еден период на плодна соработка, додека пријателските односи и партнерството меѓу двете земји остануваат цврста основа за продолжување и продлабочување на соработката и во иднина.

Можете да прочитате

Карпошово културно лето: Уметност, музика и креативна енергија 

Пет мини библиотеки со европска книжевност поставени низ Скопје

Од први септември почнува зимскиот возен ред на ЈСП