Утрински Весник
Македонија

Герасимовски: Почнуваме есенска офанзива низ сите маала во Центар

Gerasimovski Itno Kopce 3 1.jpeg

Општина Центар започнува есенска теренска офанзива во која градоначалникот Горан Герасимовски, заедно со општинските служби и одговорните лица од урбаните заедници, ќе ги посети сите маала и улици на територијата на општината. 

Целта е директно на терен да се евидентираат проблемите со кои секојдневно се соочуваат граѓаните – оштетени улици и тротоари, дупки, паднати или оштетени столпчиња, проблеми со урбаната опрема и сите други недостатоци за кои Општината може веднаш да преземе мерки. 

Есенската офанзива започнува од Капиштец, а во следниот период ќе продолжи во сите останати маала и урбани заедници во Центар. 

„Почнуваме од Капиштец, но ќе ги поминеме сите маала, улици и урбани заедници. Заедно со службите, одговорните во урбаните заедници, но и со граѓаните, сакаме на лице место да ги видиме проблемите и што побрзо да реагираме. Се работи секојдневно, но секогаш има работи што треба да се поправат и подобрат. Затоа излегуваме на терен – да ги слушнеме граѓаните, да ги детектираме проблемите и да ги решаваме еден по еден”, изјави Герасимовски. 

Од Општина Центар посочуваат дека теренските обиколки ќе продолжат во наредниот период, со цел забелешките од граѓаните побрзо да стигнат до надлежните служби и да се интервенира таму каде што е потребно.

Можете да прочитате

АХВ со дополнителни активности за детектирање на вирусот на Западно нилска треска кај птиците

Уште еден пациент почина од западнонилска треска, шести случај со смртни последици 

Приведени возачи од Холандија и Србија, на автопатот А-1 возеле со двојно поголема брзина од дозволената