
Во присуство на премиерите на Македонија и Косово, Христијан Мицкоски и Албин Курти, денеска започна изградбата на втоавтопатското решение од Скопје до граничниот премин Блаце.
Во своето обраќање, премиерот Мицкоски истакна дека по повеќе од 20 години овој проект конечно станува реалност.
„Мојата прва порака којашто денеска сакам да ја испратам е дека по нешто повеќе од 20 години овој проект станува реалност. Реалност на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ, ветување коешто беше дадено на почетокот на оваа Влада, беше дел од клучните приоритети на работата на оваа Влада и очекувам многу скоро од денеска да видиме значителен прогрес на работите на терен и во рекордно време, се разбира, овој проект да биде реализиран. Исто така, во рамките на оваа прва порака, би сакал да го изразам своето задоволство што македонска компанија ќе ги изведува градежните работи на овој проект. Тоа значит дека ќе имаме дополнителна додадена вредност во македонската економија, повеќе работни места за македонските граѓани — нешто коешто претставува еден од врвните приоритети на оваа Влада“ порача премиерот.
Делницата од втората фаза од автопатот Скопје – Блаце во должина од 10,5 километри, која треба да биде готова за четири години и да се спои со веќе изградените 1,5 километар автопат во близина на ГП Блаце. На автопатот ќе има 5 тунели, 8 моста, 11 потпатници, 4 галерии и 9 потпорни ѕидови. Ќе го гради домашната градежна компанија „Гранит“ АД Скопје.



