
Владата на денешната седница донесе одлука со која се намалуваат цените на училишниот прибор во периодот од објавувањето на одлуката во „Службен весник“, односно од денеска, заклучно со 30 септември 2026 година.
„ Трговците на големо се задолжуваат цените на училишниот прибор да ги намалат за најмалку 10%, додека пак трговците на мало се задолжуваат да обезбедат намалување од најмалку 15%. Мерката опфаќа широк спектар на производи кои се неопходни за почетокот на учебната година. Ранци и ташни, тетратки, блокови, колажи, моливи и пенкала, боички, пластелин, теста за моделирање, подлоги, фломастери и текст маркери, темперни, акрилни, водени бои и четки, линијари и дидактички материјали, острилки и гуми за бришење, детски ножици, футроли, лепила, шестари, дигитрони, украсна хартија, папки и картонски ташни, како и материјали за изработка, практично сè што е потребно за стартот на учебната година“, соопшти попладнево портпаролката на Владата, Марија Митева.
Трговците се должни покрај новата намалена цена на производот да ја прикажат и старата цена која важела на 1 јуни 2026 година, затоа што врз основа на таа цена се утврдува намалувањето.
Мерката опфаќа широк спектар на производи кои се неопходни за почетокот на учебната година.



