Утрински Весник
Македонија

Сопственик на фирма си присвоил 10 службени автомобил за да ја намали стечајната маса

Finansiska policija karpos 3293290.jpg

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против В.Р., управител и сопственик на правно лице, како и против правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Даночно затајување“ од член 279 и „Оштетување или повластување на доверители“ од член 257 од Кривичниот законик.

Пријавениот В.Р., во периодот од 2019 до 2020 година, иако бил свесен дека правното лице е неспособно за плаќање и дека му претстои стечај, со намера да стекне противправна имотна корист и да ги оштети доверителите, го намалил имотот од кој доверителите можеле да ги намируваат своите побарувања. Притоа, присвоил 10 возила во вредност од 69.719.484 денари, скутери во вредност од 545.000 денари и трговска стока во вредност од 4.457.322 денари, кои не биле евидентирани со соодветна документација и не биле пронајдени од стечајниот управник, со што не станале дел од стечајната маса.

Поради наведеното, побарувањата на доверителите во вкупен износ од 12.069.922 денари, од кои 1.179.059 денари се побарувања на УЈП, останале целосно ненамирени.

Исто така првопријавениот В.Р. во периодот од 2011 година до 2019 година, свесно и со намера да се стекне со противправна имотна корист, подигнал парични средства во готово во износ од 53.872.587 денари, на име „материјални и патни трошоци“ без да изготви и достави документација (договори, фактури, испратници, сметкопотврди и сл.) за нивна економска оправданост во сметководствената евиденција, истите ги присвоил за себе и притоа не пресметал и не платил данок на добивка во вредност 5.387.259 денари и данок на личен доход во вредност од 5.985.244 денари.

Со наведените дејствија, преку правниот субјект, В.Р. се стекнал со противправна имотна корист и го оштетил Буџетот на Република Северна Македонија во вкупен износ од 23.442.425 денари, по основ на оштетување на доверителите, Данок на добивка и данок на личен доход.

Можете да прочитате

Куќа изгорела во близина на Пробиштип

Неисправен лифт во зграда тешко повреди тригодишно девојче во Радишани

Македонија ја губи младоста: 200 паралелки помалку во основно и 100 паралелки помалку во средно образование