
Соопштение за јавност на ДУИ:
Официјалните документи докажуваат дека проектот за изградба на автопатот Скопје- Блаце не е проект создаден од актуелната власт, туку проект за кој во времето на владеењето на ДУИ биле преземени конкретни чекори во однос на проектирањето, обезбедувањето финансиски средства и тендерските постапки.
На 27 јуни 2022 година, Собранието го усвои Законот за гаранција на обврските по заемот што требало да се користи за финансирање на TEN-T проектот за автопатот од Скопје до границата со Косово.
Официјалниот документ ги носи потписите на тогашниот претседател Стево Пендаровски и на претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Оттука, во времето кога ДУИ беше дел од Владата, за проектот Скопје- Блаце биле создадени и унапредени основните елементи за неговата реализација: проектирањето, обезбедувањето финансиска основа и спроведувањето на тендерските постапки.
Овој доказ го побива секој обид да се создаде впечаток дека автопатот Скопје- Блаце е проект што актуелната власт го започнала од нула.
Прашањето е едноставно: што направи актуелната власт над она што веќе беше подготвено и обезбедено?
Наместо пропаганда, граѓаните заслужуваат транспарентност: да се објават сите документи поврзани со проектирањето, финансирањето, тендерирањето и реализацијата на овој проект.
ДУИ не се спротивставува на реализацијата на автопатот Скопје- Блаце. Напротив, ДУИ бара проектот да се реализира што е можно побрзо, во интерес на граѓаните и на стратешкото поврзување на Северна Македонија со Косово.
Автопатот не започнува со пропаганда. Тој започнува со проект, финансирање и конкретни постапки. А овие чекори за Скопје- Блаце беа преземени уште во времето кога ДУИ беше на власт.
Документите зборуваат. Пропагандата не може да ги избрише.



