Утрински Весник
Економија

Сиљановска-Давкова и Славески: Економијата е стабилна, приоритет остануваат макроекономската и финансиската стабилност

Foto 1.jpg

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со гувернерот на Народната банка, Трајко Славески кој ја информираше за основните макроекономски показатели и за мерките преземени во делот на макроекономската политика.

Разговараа за влијанието на глобалните геостратешки, финансиски и енергетски трендови врз македонската економија, како и за последиците во индустријата, трговијата и градежништвото.

Гувернерот оцени дека економијата е стабилна, со солиден раст, но дека треба внимателно да се следат увозната зависност и цените на храната и енергијата.

Соговорниците се согласија дека стручните и компетентни човечки ресурси се клучни за успешното функционирање на Народната банка и за одржување на финансиската стабилност на земјата. Гувернерот до Собранието доставил предлог за избор на трет вицегувернер.

Макроекономската стабилност и здравиот финансиски систем остануваат приоритет за напредокот на државата.

Можете да прочитате

Претставници на Бордот на директори на ЕБОР во петдневна посета на Македонија

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Два ребаланса за четири месеци, трет во најава – долгот го плаќа народот!