Утрински Весник
Балкан

Брачен пар изрешетан во спалната соба во Косово: Убиена 25-годишна трудница, сопругот тешко повреден

Img 2485.jpeg

Трагедија го потресе Малишево во Косово, каде што 25-годишната Џетлира Фониќи, која според медиумските извештаи била бремена, го загубила животот откако била застрелана. Нејзиниот 26-годишен сопруг е тешко повреден.

Според информациите што ги пренесуваат косовските медиуми, трагичниот настан се случил во неделата навечер, на 23 август. Полицијата ги пронашла сопружниците со прострелни рани во спалната соба.

Двајцата биле пренесени на лекарска помош, но за младата жена немало спас. Од Универзитетскиот клинички центар на Косово било соопштено дека 25-годишната жена и 26-годишниот маж биле примени околу 00:15 часот во понеделникот.

Фониќи била донесена во Ургентниот центар без знаци на живот и лекарите можеле само да ја констатираат нејзината смрт. Нејзиниот сопруг бил примен со тешки повреди и, според првичните информации, се наоѓа во сериозна здравствена состојба.

Веста предизвика бројни реакции, а членовите на семејството и блиските преку социјалните мрежи се простуваат од 25-годишната жена.

Полицијата го истражува случајот и околностите под кои дошло до пукањето. Во првичните информации што ги пренесуваат медиумите не се наведува кој пукал, ниту мотивот за трагедијата.

Можете да прочитате

Ноќните температури во Атина синоќа достигнаа и до 33 степени

Вечерва изменет сообраќајниот режим кај Солун поради затворање на обиколницата

Мигранти се судрија со полицијата и пробија ограда во прифатен центар во Грција