Утрински Весник
Свет

Затворени училишта и канцеларии во Тајван поради обилни дождови во исчекување на тајфунот „Саудел“

Tajfun.jpg

Поради интензивните дождови властите на Тајван наредија затворање на училиштата и канцеларии во јужниот дел на земјата, во исчекување на тајфунот што се очекува подоцна оваа недела да помине покрај северниот дел на островот.

Обилните врнежи предизвикаа проблеми и во железничкиот сообраќај. Експресните возови ќе бидат запрени, додека сообраќајот на останатите возови ќе се одвива зависно временските услови.

Во некои делови на Тајван упатен е повик до жителите да не ги напуштаат домовите.

Тајванската метеоролошка служба соопшти дека тајфунот „Саудел“ што во моментов се движи кон јужниот дел на јапонскиот архипелаг Окинава, се очекува во петок да помине покрај северен Тајван.

Можете да прочитате

Марта Кос: Албанија затвора уште едно поглавје, со Молдавија и Украина отвораме по две

Дронови нападнаа бродови кај Бугарија, еден потона

Киев нападнат со балистички ракети, експлозии во Лавов, Запорожје и Харков; Москва нападната со над 400 дронови