
Соопштение за јавност на Алијанса за Албанците:
Додека Албанија ги исполни утврдените цели и го отвори патот за 61 милион евра од Европската Унија, Владата на ВМРО-ВЛЕН ја пропушти можноста да ја повлече траншата од 50 милиони евра од макрофинансиската помош на ЕУ.
Рокот за овие средства истече на 2 август 2026 година. Властите ниту поднесоа барање, ниту ги исполнија потребните услови.
Албанија спроведува реформи и обезбедува милиони.
Северна Македонија пропушта рокови и остава милиони неискористени како резултат на груевистичкиот менталитет на Мицкоски.
Во меѓувреме, ВЛЕН продолжува да зборува за „европска Влада” и „европска интеграција”, додека како дел од Владата носи директна одговорност за овој неуспех.
Европа не се мери со изјави и фотографии во Брисел.
Таа се мери со спроведени реформи, почитувани рокови и конкретни резултати за граѓаните.
Неспособноста чини!

