Утрински Весник
Скопје

Музички настапи ја одбележаа првата вечер од 𝟣𝟩. „Карпошово културно лето“

Image 2026 08 21 092700013.png

Во рамки на првиот ден од 17. издание на традиционалната манифестација „Карпошово културно лето“, синоќа се одржа музичка програма која привлече бројна публика. Публиката имаше можност да ужива во концертот на Делфина, како и во настапите на Александар Тарабунов – Тара и групата Нокаут, кои со своите изведби приредија вечер исполнета со музика, позитивна енергија и одлична атмосфера.

Со музичките настапи на овие македонски изведувачи на најубав начин беше заокружен првиот ден од овогодишното „Карпошово културно лето“. Манифестацијата продолжува и во наредните денови со богата и разновидна програма, која ќе понуди бројни културни и уметнички содржини за сите генерации.

Можете да прочитате

Мустафаоглу: Градот брои само прелетани хектари, не го интересира ни со што, ни дали ефективно и воопшто се прска против комарци

Отворени три јавни повици за создавање на програмата „Скопје 2029 – Европска престолнина на културата“

Герасимовски да одговори зошто центарци ќе плаќаат 6,6 милиони денари за мобилна апликација, а притоа вели дека е бесплатна, прашува ВМРО-ДПМНЕ