
Украинскиот државјанин Владимир Ж. (46), кој беше уапсен во Пула во средата откако германските власти издадоа европска потерница за негово учество во нападот на балтичкиот Северен поток, од синоќа е во притвор по одлука на судија во Окружниот суд во Пула.
Украинецот беше донесен во Окружниот суд на сослушување откако беше испрашуван од страна на Окружното обвинителство, кое предложи екстрадициски притвор, а одлуката на судијата им ја потврди на новинарите еден од адвокатите на одбраната.
Тој треба да биде во притвор до одлука на Германија за екстрадиција, но за тоа ќе одлучи надлежниот суд во Хрватска во соработка со надлежниот суд во Германија.
Министерот за внатрешни работи на Хрватска, Давор Божиновиќ го коментираше случајот и рече дека „европската потерница дошла од Германија, а хрватската полиција постапила како што постапува во секој таков случај“.



