Утрински Весник
Македонија

Ангелов: Изгаснат пожарот во околината на селото Лопатица, граѓаните да бидат особено внимателни поради висок ризик од пожари

Image 2026 08 21 082834670.png

Утрово селата Бонче, Подмол и Лопатица се безбедни. Тешка ноќ имаа пожарникарите од Прилеп и доброволните пожарникари од Битола ангажирани преку ДЗС, тешка ноќ имавме сите ние коишто се наоѓавме во самото село Лопатица коешто синоќа беше загрозено од пламените јазици, кажа директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.

„Пожарната линија којашто беше видлива од регионалниот пат Прилеп – Битола е целосно изгасната, активен е само еден крак, високо над селото Бонче“, изјави Ангелов.

Тој додаде дека го плаши покачувањето на температурите околу пладне, кога постои можност повторно да биде реактивиран пожарот, но кажа дека ќе се внимава доколку дојде до активирање на огнената линија, истата да биде изгасната.

Пожарот од мариовската страна е исто така изгаснат, извести Ангелов.

Можете да прочитате

ЛЕТАЛ СО „МЕРЦЕДЕС“ ПО АВТОПАТ: Возел 203 км/ч на патот Скопје – Свети Николе

Влегол кај деканот, оставил писмо со закани кон професори и заминал

Алпер Акташ нов амбасадор на Турција во Македонија – ги предаде акредитивите кај Сиљановска-Давкова