Утрински Весник
Скопје

2,5 км нов систем за полевање во Ново Лисиче

Sistem za polevane3.jpg

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска изврши увид во активностите за поставување нов систем за полевање во Ново Лисиче, спроти паркот „Авионче“, околу Спортскиот терен „Никола Христовски – Кољо“. Овој простор за првпат добива современ систем, со кој се обезбедуваат подобри услови за одржување на тревниците и на зелените површини.

Системот ќе биде во должина од околу 2,5 km и ќе опфаќа повеќе од 300 прскалки, со што ќе се овозможи редовно, рамномерно и поефикасно полевање на зеленилото.

Овој простор е едно од омилените места за престој и рекреација на жителите на Ново Лисиче. Секојдневно го посетуваат голем број деца, родители и возрасни, а покрај спортското, тука се наоѓа и детско игралиште. Затоа, грижата за овој простор и неговото уредување имаат особено значење за сите генерации.

Можете да прочитате

Филипче за Барутана: На Водно нема една цигла да се изгради додека сум јас претседател на СДСМ

Герасимовски: Среќен почеток за најмладите ученици, првачињата од Центар ја дадоа свечената заклетва

Тезгите на Бит пазар одат во историјата