Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС не може да избега од одговорноста за Гостивар, со Лимани се коалиција и ја делат локалната власт

Vmro.webp.webp

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

Еден месец СДС се обидува да избега од вистината, но фактите се јасни, заедно со Лимани ја делат локалната власт во Гостивар, а со тоа ја делат и одговорноста за состојбите во општината.

Наместо да побараат одговорност од своите партнери во локалната власт и да ја признаат сопствената политичка одговорност, од СДС продолжуваат со обиди за префрлање на вината врз ВМРО-ДПМНЕ.

Додека СДС ширеше политички обвинувања, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ од самиот почеток беше со граѓаните на Гостивар и презеде конкретни мерки за надминување на кризата.

На жителите им беше обезбедено бесплатно снабдување со вода, а надлежните институции постапија за да се надмине проблемот и да се заштитат граѓаните.

Институциите постапија, случајот се истражува, а водата повторно е безбедна за пиење.

Граѓаните заслужуваат институции кои решаваат проблеми, а не политички игри и префрлање одговорност.

ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на решавање на проблемите на граѓаните и ќе продолжи да дејствува секаде кај што е најпотребно во интерес на граѓаните.

А, СДС треба да престане да бега од одговорноста и да се соочи со фактот дека како дел од локалната власт во Гостивар ја дели одговорноста за состојбите во општината, вклучително и за проблемот со водата.

Можете да прочитате

Скопјанец ја натепал својата 81годишна мајка

Муцунски: Силната дипломатија се мери според интересите што ги штити, партнерствата што ги гради и можностите што ги создава

Џип удрил велосипедист во Скопје