Утрински Весник
Македонија

ВЛЕН: Орхан Муртезани ја презема амбасадорската должност во НАТО

20250723143426 big 730x400 42.webp.webp

Соопштение на ВЛЕН:

Назначувањето на Орхан Муртезани за амбасадор и постојан претставник на Република Северна Македонија во НАТО претставува значаен момент.

За првпат Албанец ја презема оваа висока дипломатска функција.
Станува збор за мисија со голема одговорност, особено во време кога евроатлантската безбедност се соочува со сериозни предизвици, а од секоја земја членка се очекува целосна посветеност.

Орхан Муртезани располага со потребното искуство и знаење за достоинствено да ја претставува земјата и да придонесе за зајакнување на нејзината улога во Алијансата.
ВЛЕН верува дека важните функции треба да им се доверуваат на подготвени луѓе.

На Орхан Муртезани му посакуваме успешен мандат во НАТО.

Можете да прочитате

Студено утро, релативно топло преку ден

Левица: Македонците плаќаат повеќе од двојно повисок мрежен трошок за струјата отколку во 2020 година

12 уапсени возачи во последното деноноќие