Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Трајчевски да одговори: Каква е неговата улога за влегувањето на медиумите на Вучиќ во Македонија?

Sdsm.webp.webp

Соопштение за јавност на СДСМ:

СДСМ со месеци предупредува дека во Македонија се подготвува операција за преземање на медиумскиот простор во Македонија по истиот модел на Вучиќ во Србија.

Дел од таа операција оди и преку „Ало медиа” групацијата која пројавила намера за преземање на сопствеништвото на „Наша ТВ”.

Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Зоран Трајчевски, има обврска да излезе и да ја информира јавноста и да каже што презема Агенцијата да го заштити медиумскиот простор во земјата и демократијата.

Каква е неговата улога?

Дали е известен за промената на сопственичката структура?

Како ќе го објасни тоа кога знае за целосното сопствеништво и поврзаноста на компаниите кои влегуваат во Македонија?

Дали знае дека на овој начин се создава дополнителна концентрација на политичко и странско медиумско влијание?

Има и друго прашање на кое треба Трајчевски да одговори.

Дали Трајчевски има српско државјанство, српски пасош или пасош на друга соседна држава?

Дали има бугарски пасош?

Ова е легитимно прашање од јавен интерес, особено во момент кога странски влијанија се шират во земјава а институцијата со која раководи Трајчевски има законски надлежности во постапките.

Јавноста има право да ги знае одговорите.

Можете да прочитате

Ужас во Градско: Десетгодишно дете удрено од автомобил, возачот избегал

Битолчанец со 2,23 промили алкохол возел мопед

Бројот на заболени од западнонилска треска расте, вкупно 38 случаи