Утрински Весник
Свет

Москва ѝ се закани на Велика Британија 

Kremlj.jpeg

Русија предупреди за „последици“ по Велика Британија по извештаите за употреба на британски дронови за напади врз цели длабоко на руска територија.

Украина во рамки на таканаречената кампања за „длабоки удари“ користела дронови произведени од две британски компании, објави лондонскиот весник „Сандеј тајмс“.

Киев годинава ги засили нападите врз Русија, при што ракети со долг дострел и роеви дронови се почесто гаѓаат воената индустрија и енергетските објекти на руска територија.

Руската амбасада во Велика Британија оцени дека извештаите потврдуваат оти Лондон намерно се определил за ескалација на кризата во Украина и го обвини Обединетото Кралство дека се обидува да ја ограничи Русија и да и нанесе максимална штета.

„Постапките на Лондон неизбежно ќе имаат последици за што тој ќе мора да одговара“, соопшти Руската амбасада.

Оттаму предупредија дека колку е поголема британската вмешаност во конфликтот и поддршката за Украина, толку „повисока ќе биде цената“ што ќе ја плати Велика Британија.

Можете да прочитате

Иран: Ормуската Теснина ќе остане затворена додека САД не ги исполнат сите услови од јунскиот договор

Земјотрес со магнитуда од 6,1 според Рихтер го погоди индонезискиот остров Суматра

Најмасовен украински напад врз Москва и Московската област во последните две години