Утрински Весник
Македонија

Активни шест пожари, еден под контрола, а 22 се изгаснати

Pozar 1.webp.webp

Во изминатото деноноќие во земјава се регистрирани вкупно 29 пожари на отворен простор, од кои шест се активни, еден е под контрола, а 22 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи.

Активни пожари има во Општина Студеничани кај селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, во Општина Македонски Брод кај месноста Видуш и селата Драгов Дол, Локвица и Девич, во општините Велес и Зелениково кај селата С’лп, Горно село, Карабуниште, Бузалково, Добрино и Тисовица, во општините Јегуновце и Сарај кај селата Копанце, Туденце и Бојане, во општина Прилеп кај селото Чаниште и во општина Долнени кај селата Вранче и Бело Поле.

Под контрола е пожарот на депонијата во Делчево.

Можете да прочитате

Димитријевиќ: ОЈО да постапи, дали бомбата кај вработениот во МВР врзан со кумот на Мицкоски води до провизии од 300.000 евра за тендери

Ангелов: Велешките пожарникари заштитија две села од пожарот, кој од Велес премина во Зелениково и во општина Студеничани

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП-то за одбрана до најслаба војска во регионот