
На 16.08.2026 во 05:56 часот во ОВР Ресен било пријавено дека околу 05:37 часот на ул.„Корчуланска” во Ресен, патничко возило „шевролет” со ресенски регистарски ознаки, управувано од 66-годишната Л.С. од с.Стење, ресенско, излетало од патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле Л.С. и нејзината 71-годишна сопатничка Р.Д. од Ресен, констатирани во Клиничка болница Битола. Известен јавен обвинител, а увид бил извршен од увидна екипа од ОВР Ресен.



