Утрински Весник
Македонија

Три смртни случаи од западнонилска треска, 35 потврдени случаи

1 komarci.jpg

Расте бројот на заболени, но и починати во Македонија од вирусот Западен Нил.

Министерот за здравство Сашо Клековски денеска на прес-конференција кажа дека во државата има три смртни случаи од западнонилска треска.

Истовремено, бројот на заболени се искачи на 35 лица, а шест од нив се во критична состојба.

„Овие шестмина кои се во критична состојба и се лекуваат во Одделот за интензивна нега се на возраст над 60, но кај инфицирани пациенти со невроинвазивна форма, најмладиот пациент кој е хоспитализиран е 25-годишен, но е во стабилна здравствена состојба и е во Одделот за невроинфекција“ порача Клековски.

Најголем дел од заразените од западнонилска треска се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести, каде шест се во критична состојба, а еден пациент се лекува во приватна болница. 15 пациенти се излекувани од западнонилска треска и отпуштени од Клиниката.

Освен скопскиот регион како жариште на европската мапа се најде и регионот Пелагонија, односно Општината Долнени, а на европско ниво најактивно подрачје е Атина, но и грчките погранични области со Македонија.

Можете да прочитате

Тошковски на „Мото Илинден урбан драјв“: Безбедноста мора да биде пред адреналинот – наскоро „Безбеден град“ ќе може да препознава и неносење кацига

Мицкоски: Преносот на останките на Цар Самоил го коментирам преку Бледскиот договор, со кој во Скопје беа донесени посмртните останки на Гоце Делчев

Полицијата уапси 12 возачи во последните 24 часа