Утрински Весник
Македонија

(Видео) Приведени четири лица по нарушување на јавниот ред и мир во Кочани

Policija.webp.webp

Вчера (15.08.2026) во 19:15 часот, полициски службеници од Полициската станица Кочани ги привеле Ж.В.(22), Ј.В.(19) и М.В.(47), сите од Кочани, како и И.А.(46) од село Баница, струмичко.

Лицата биле приведени затоа што по претходна расправија на ул. „Тодосија Паунов“ во Кочани го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка во која учествувале шест лица.

По преземените мерки и целосно документирање на настанот, против лицата биле поднесени соодветни поднесоци. За целосно расчистување на настанот и утврдување на сите околности и евентуални пропусти при постапувањето, ќе бидат вклучени Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и Одделот за униформирана полиција.


Можете да прочитате

Пожар над селото Вржале, за утре планирана воздушна интервенција

МВР објави видео од марихуаната која беше запленета од меѓународната криминална група

Активни пет пожари, три под контрола, регистрирани вкупно 14 пожари