Утрински Весник
Македонија

Приведени 12 возачи, седум немале возачка, од кои еден малолетник

Alkohol.png

Во текот на изминатото деноноќие, на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со возило“.

Од нив, седум возачи управувале возило без возачка дозвола, од кои еден бил малолетник, а еден од возачите бил под дејство на алкохол. Дополнително, тројца возачи управувале возило под дејство на алкохол, додека двајца управувале возило со активна забрана за управување.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит, под дејство на алкохол или за време на изречена забрана за управување со возило. Со одговорно однесување сите заеднички придонесуваме за поголема безбедност во сообраќајот.

Можете да прочитате

Земјотрес попладнево ја стресе Македонија

Мицкоски за посетата на Белгија: Тоа беше научнообразовна екскурзија

Уапсен возач од Германија на автопат возел над 200 км/ч