Утрински Весник
Скопје

По 30 години чекање, булеварот „Борис Трајковски“ добива нов асфалт

20260815134605 big 730x400 48.webp.webp

По три децении чекање и бројни најави, започна асфалтирањето на булеварот „Борис Трајковски”, со што проектот влегува во својата завршна фаза, информираат од Град Скопје.

По решавањето на долгогодишните имотно-правни прашања и завршената експропријација, трасата е целосно ослободена за реализација на градежните активности. Во рамки на проектот е изградена и нова атмосферска канализација, со што се создава современа и функционална инфраструктурна основа за овој значаен сообраќаен коридор.

Започнатото асфалтирање е конкретен чекор кон целосното завршување на булеварот и подобрување на сообраќајното поврзување, безбедноста и условите за движење на граѓаните.

Она што со години беше само ветување, денес се претвора во конкретен резултат.

Ова е пример дека со решавање на проблемите, сериозна работа и посветеност, Скопје може да добива инфраструктура која ќе служи на граѓаните и ќе остане за идните генерации, стои во соопштението на Град Скопје.

Можете да прочитате

Ѓорѓиевски: Мостот на „Љубљанска“ во функција до крајот на годината

Меџити: Секој ден сме на терен, потребите на граѓаните ги претвораме во конкретни проекти

Утре посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон