Утрински Весник
Македонија

Борозан: Наместо срамна здравица пред камери, објавете го извештајот за водата во Гостивар

Maja borozan 15.8.2026.jpeg

Прес-конференција на СДСМ, Маја Борозан

Во Гостивар вчера видовме слика што ќе остане запаметена. Политичари и функционери држат здравица, пијат вода пред камери, велат „на здравје” и дека е „многу вкусна”. 

А цел месец граѓаните пиеја вода загадена со фекалии.

Цел град беше отруен, 5.000 луѓе беа заболени.

Прво најавуваа дека резултатите ќе бидат готови дури на 20 август.

Сега, под притисок на јавноста, наеднаш велат дека водата е чиста – шест дена порано.

Како до вчера, 20 август, а денес нагло сè е во ред?

И се уште нема официјално објавен документ со кој се потврдува дека водата е чиста и здрава за пиење.

Оваа ситуација бара одговорност, а не циркуз.

Во прашање се здравјето и животите на граѓаните на Македонија.

Пет недели граѓаните се изнаслушаа различни и контрадикторни информации од сите надлежни – од Мицкоски, Клековски, Ангелов….

Прво водата беше прогласена безбедна за употреба како техничка, потоа рекоа дека има бактерии. 

Пред прогласувањето на епидемијата исто така водата беше прогласена за исправна.

А никогаш немаше ниту еден извештај, анализа, резултат.

Граѓаните на Гостивар имаат право да знаат.

Која институција направила анализа на водата и кои се резултатите?

Кој го потпишал извештајот и кој со својот потпис гарантира дека водата е безбедна?

За здравјето на луѓето мора да има стручна анализа, документ, потпис и одговорност.

Граѓаните не бараат здравица. Бараат чиста вода и гаранција дека е безбедна.

Бидете сериозни барем еднаш – објавете го документот.

Можете да прочитате

Притвор за тетовец, ги тепал ќерќата и сопругата и им се заканувал дека ќе ги запали

Нубаја Гарсија и Питер Сомуа вечерва на „Џез вечерите“ на „Охридско лето“

Штерјова: Савески да постапи по кривичните пријави од СДСМ – одговорност за труењето во Гостивар и тепањето млади