Утрински Весник
Скопје

Отворен првиот Центар за дневен престој за лица со попреченост над 14 години во Скопје

Gradinka prolet 6.jpeg

Во Скопје денеска беше отворен Центарот за дневен престој за лица со попреченост над 14 години, со цел да обезбеди сигурна, инклузивна и поддржувачка средина за корисниците и нивните семејства.

Центарот, кој е отворен во просториите на Младинскиот културен центар (МКЦ), беше посетен и отворен во присуство на министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски и градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Во Центарот корисниците ќе имаат пристап до психолошка и стручна поддршка, како и можност за учество во едукативни, креативни и рекреативни активности. Преку различни програми и активности ќе се работи на развивање на практични и животни вештини, социјализација, комуникација, самостојност и самодоверба.

„Овој Центар е многу повеќе од место за дневен престој. Тој треба да биде место за дружење, учење, развој, поддршка и нови можности. Нашиот фокус не е на ограничувањата, туку на способностите, потенцијалите и достоинството на секој човек”, беше истакнато при отворањето.

Посебно значење Центарот има и за семејствата на лицата со попреченост, кои секојдневно се соочуваат со голема одговорност и потреба од дополнителна поддршка. Целта е родителите и старателите да имаат сигурност дека нивните најблиски се во безбедна средина, каде што се почитувани, заштитени и поттикнати да напредуваат.

Отворањето на Центарот претставува важен чекор кон создавање поинклузивен град и општество во кое секој човек има еднаква можност да учествува, да се развива и да се чувствува како дел од заедницата.

Скопје треба да биде град за сите – град кој ги препознава различностите, ги поддржува своите граѓани и создава услови за достоинствен и исполнет живот.

Центарот ќе продолжи да работи со фокус на човекот, неговите способности, потреби и потенцијали, градејќи средина во која секој ќе знае дека припаѓа.

Можете да прочитате

Центар ќе биде домаќин на првиот општински полумаратон „CENTAR NIGHT RUN”

Општина Карпош: Kејот на Вардар – место за спорт и дружба

Итна дезинсекција во Општина Гази Баба поради бројот на случаи со западнонилска треска