Утрински Весник
Македонија

Пет македонски семејства евакуирани од пожарите во Грција

Grcija guzva 2 1280x720 1.jpg

Пет македонски семејства досега побарале помош или асистенција при евакуација од подрачјата во Грција зафатени со пожари, информираат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Од Министерството велат дека, во координација со грчките власти, семејствата биле упатени кон најблиските безбедни точки предвидени за евакуација, каде што биле згрижени заедно со останатите туристи.

МНРиНТ повторно апелира до македонските државјани кои се наоѓаат во погодените подрачја и имаат потреба од помош да се обратат на дежурниот телефон на Министерството +389 75 268 736 или на електронската адреса globalsos@mfa.gov.mk.

Помош може да се побара и преку дежурните телефони на Конзулатот на Северна Македонија во Солун: +30 694 526 8068 и +389 71 323 001.

Од Министерството ги повикуваат македонските државјани во погодените региони внимателно да ја следат состојбата и да ги почитуваат сите упатства и препораки на надлежните локални власти.

Можете да прочитате

Сосотојба со пожари: Уште гори кај Морани и на пет други локации

Муцунски е фатен во лага, а кога нема резултати се заканува со апсења исто како Мицкоски

УХМР предупредува: Можно невреме во голем дел од земјата