Утрински Весник
Свет

Ќерката на Бил Гејтс обвинета за контроверзна практика што на компанијата ѝ носела приходи

20260813113621 big 730x400 55.webp.webp

Коосновачката на стартапот „Фиа“ (Phia), Фиби Гејтс, ќерка на милијардерот Бил Гејтс, е обвинета за користење софтвер што ѝ овозможувал на компанијата да собира провизии од онлајн продажба дури и кога клиентите не ги користеле нејзините услуги, објавија американските медиуми.

Според медиумите, Фиа поставила таканаречени колачиња за следење на компјутерите на корисниците дури и кога тие не кликнале на понудите на компанијата. На тој начин, на продавачите им било покажано дека Фија регистрирала купување, што ѝ овозможило на компанијата да собира провизија.

Според извештајот, Гејтс и нејзината деловна партнерка Софија Кјани биле свесни за таа практика најмалку седум месеци.

Фиа ги отстранила спорните функции во јули и изјавила дека ги прегледува трансакциите и враќа пари на партнерските компании. По отстранувањето на спорните функции, просечниот дневен приход на компанијата паднал од околу 80.000 долари на помеѓу 10.000 и 28.000 долари, според Блумберг.

Според правни експерти, таквата практика би можела во САД да претставува електронска измама што носи казна до 20 години затвор. Се уште не е објавено дали е покрената кривична постапка против Гејтс или други раководители на компанијата. 

Можете да прочитате

Нов топлотен бран во Европа: Над 340 милиони луѓе под влијание на температури над 30 степени

Воената помош за Украина во јуни достигна 7,2 милијарди евра

Медицинските податоци на речиси 19 милиони Полјаци украдени во масовен кибер-напад