Утрински Весник
Македонија

МОН: Партнерскиот однос со младите, клуч за иднината на државата

Mladi 1.webp.webp

Младите се двигател на општествениот развој, а нивното знаење, креативност и енергија се најголемата инвестиција во иднината на државата. Затоа, континуирано работиме на создавање повеќе и подобри можности за образование, личен развој и професионална реализација на новите генерации во сопствената земја.

По повод 12 август, Меѓународниот ден на младите, Министерството за образование и наука уште еднаш ја потврдува својата заложба младите да бидат во фокусот на образовните политики и реформите, како најважен ресурс за развој на државата.

Посветено работиме на јакнење на ученичкиот и студентскиот стандард преку мерки што обезбедуваат подобри услови за учење и поддршка за секој млад човек. Инвестираме во подобрување на образовната инфраструктура, дигитализација на образовниот процес, квалитетни наставни програми и учебници и создавање средина која ги поттикнува знаењето, иновативноста и креативноста, но и почитта, толеранцијата и единството.

Особено внимание посветуваме на поддршката на талентираните ученици и студенти, затоа што веруваме дека секој млад човек треба да добие можност да го достигне својот полн потенцијал. Од минатата година низа нови стимулативни мерки се дел од системот за поддршка на талентираните млади кои ја претставуваат државата на големи меѓународни натпреварувања.

Во креирањето на образовните политики имаме одлична соработка со ученичките и студентските организации. Нивните ставови, идеи и предлози се важен дел од процесот на носење одлуки, а многу од нивните барања веќе се преточени во конкретни системски мерки и активности. Ваквиот партнерски пристап ќе продолжи и во иднина, затоа што  најдобрите политики се создаваат во заедништво со младите.

Честит 12 Август – Меѓународен ден на младите!

Можете да прочитате

ПРОГЛАСЕНА ЕПИДЕМИЈА ВО СКОПЈЕ: Западнонилската треска се шири, пет пациенти во тешка состојба

Од утре освежување со пороен дожд, грмежи и локално невреме 

Стојчевски: Со Мицкоски, младите се заборавени, понижени и тепани од криминалната власт