
СВР Тетово поднесе кривична пријава против 28-годишниот Т.М. од Тетово поради сомнение дека сторил кривично дело „лажно пријавување на кривично дело“, во врска со кривично дело „кражба“.
Според информациите од полицијата, на 3 март 2026 година, Т.М. во СВР Тетово пријавил дека два дена претходно, на 1 март, од неговиот дом биле одземени околу 3.500.000 денари.
Во пријавата тој ги посочил сопствените дедо и баба, тврдејќи дека тие ги одзеле парите.
По преземените мерки и активности, полицијата утврдила дека пријавата била лажна, по што против 28-годишниот тетовец е поднесена кривична пријава.


