Утрински Весник
Македонија

До 13 часот еден активен пожар, шест пожари се изгаснати

Foto oprema za pozari 2.jpg

На ден 11.08.2026 година, до 13:00 часот, регистрирани се вкупно 8 пожари на отворен простор, од кои активен е 1 пожар, под контрола е 1 пожар, а 6 пожари се изгаснати, информираат од ЦУК

Активен пожар:
Општина Македонски Брод – м.в. Видуш, во близина на с. Драгов Дол (ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки).

Пожар под контрола:
Општина Делчево – градска депонија (депонија).

Изгаснати пожари:
Општина Виница – с. Блатец (ниска вегетација);
Општина Штип – населба Света Петка (ниска вегетација);
Општина Центар Жупа – с. Горенци (депонија);
Општина Лозово – непосредно до Филтерната станица за вода (ѓубре);
Општина Куманово – населба Средорек (ѓубре);
Општина Врвеница – с. Милетино (шумски пожар).

Можете да прочитате

ВЛЕН: Охридскиот договор не е тапија на ДУИ

Тетовец лажнo ги обвинил своите баба и дедо дека му украле над 50.000 евра

Малолетник на мотор настрада во сообраќајка во Струмица