Утрински Весник
Свет

Трамп во Анкара скришно во кетеринг-возило бил префрлен во друг авион поради иранска закана за атентат

Tramp24.jpg

Американскиот претседател Доналд Трамп тајно го напуштил минатомесечниот самит на НАТО во Анкара (Турција) користејќи алтернативен воен авион и возило за кетеринг, додека Белата куќа креирала илузија за новинарите дека тој патува со претседателскиот „Ер Форс Уан“, објави весникот „Вашингтон пост“.

Главна причина за оваа вонредна оперативна маневра била сериозна и конкретна закана за атентат врз американскиот претседател од страна на Иран.

Според документите и изворите запознаени со патувањето, безбедносните служби организирале софистицирано префрлање на Трамп директно на пистата во Анкара:

Tрамп првично се качил во постариот модел на „Ер Форс Уан“ (во светлосина боја) пред телевизиските камери, за да остави впечаток дека полетува кон воената база Милденхол во Велика Британија.

Само неколку минути подоцна, Трамп и неколку негови блиски соработници скришум излегле од авионот од спротивната страна преку хидраулична платформа на аеродромско возило за достава на храна (кетеринг).

Со возилото биле пренесени до помал воен авион од типот „Ер Форс Ц-32А“ со кој Трамп заминал за Велика Британија.

Можете да прочитате

Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

Нов украински напад со дроновои врз Москва

Расте бројот на загинати во земјотресот во Венецуела