Утрински Весник
Македонија

Пожарот на депонија во Крива Паланка гори повеќе од 15 часа, градоначалникот очекува да биде изгаснат до вечер

Image 2026 08 09 120717887.png

Повеќе од 15 часа трае борбата со пожарот на депонијата за комунален отпад во Крива Паланка, а градоначалникот, Сашко Митовски, уверува дека огнот ќе биде изгаснат до крајот на денот.

Пожарот започнал вчера околу 17 часот, а во негово гаснење се вклучиле пожарникарите од Крива Паланка, вработени во ЈП „Комуналец“, а помош стигнала и од соседната општина Ранковце.

„Пожарот е од малку поголем и посериозен обем и покрај потребата од гаснење со вода потебна е поголема количина на земјен материјал“, рече Митовски.

Тој кажа дека жителите на градот  во текот на денот ќе чувствуваат непријатна миризба и додаде дека очекува до крајот да денот, Општината да се справи со пожарот.

Можете да прочитате

Подобрена состојбата на пациентот транспортиран од Турција, лекарите апелираат на внимателност при скокови во вода

Расчистено разбојништво од почетокот на јули во скопско, од слобода се лишени две лица

На граничните премини Табановце, Пелинце и Богородица се чека и по повеќе од еден час