Утрински Весник
Македонија

Од мопед во движење пукано кон семејна куќа во Тетово

Svr tetovo.webp.webp

На 08.08.2026 во СВР Тетово е пријавено дека околу 04:20 часот, едно машко лице од мопед со кој се движел испукал повеќе куршуми од автоматска пушка кон семејната куќа на Ш.Б.(48), по што се оддалечило од местото.

При увидот се констатирани оштетувања на дворната метална врата, фасадата од куќата, летниковецот во дворот, како и на паркирано патничко моторно возило „бмв”. Од местото се подигнати шест проектили за вештачење. Се преземаат мерки за расчистување на случајот и за  пронаоѓање на сторителот.

Можете да прочитате

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите клучни за економскиот развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните

Радовишанец им се заканувал на вработени во странска амбасада, упатен на психијатриско набљудување

17 лица лишени од слобода во изминатото деноноќие, возеле без дозвола и под дејство на алкохол