Утрински Весник
Балкан

Црна Гора ангажира авиони и хеликоптери во борбата со пожарите

Er traktor.webp.webp

Активни пожари има на подрачјето на четири општини во Црна Гора – Бар, Колашин, Цетиње и Гусиње, соопшти Оперативно-комуникацискиот центар (ОКЦ) при црногорското Министерство за внатрешни работи.

Претставничката на ОКЦ, Маријана Марковиќ, изјави дека според последните информации од осум часот утринава активни жаришта има на четири локации. Таа додаде дека службите за заштита и спасување во Бар и Колашин побарале воздушна поддршка за гаснење на пожарите.

Во општина Бар активни се пожарите на планината Лисин и во населбата Дабовиќи во областа Црмница. Во Колашин гори на Црни Врв во Веле Глубоко, а во општина Цетиње пожарот е активен во реонот на Марковина. Активен останува и пожарот на депонијата во Гусиње, но тој веќе неколку дена е ставен под контрола, рече Марковиќ.

Во гаснењето на пожарот на планината Лисин се ангажирани противпожарен авион „ер трактор“, хеликоптерски екипи на Министерството за внатрешни работи и авион „Антонов“. До Армијата на Црна Гора е испратено и барање за ангажирање хеликоптер за гаснење на пожарот на Црни Врв во Веле Глубоко.

Црногорските служби за спасување продолжуваат да ги следат жариштата и да преземаат мерки за спречување на натамошното ширење на пожарите.

Можете да прочитате

ЕК ги започна преговорите за вклучување на Западен Балкан во европската шема „Роаминг како дома“

Драма на небото над Србија: Воени ловци пресретнале патнички авион по дојава за бомба

Анталија во центарот на глобалниот дијалог за климатските промени како домаќин на COP31