Утрински Весник
Македонија

ЦУК: До 18 часот регистрирани 18 пожари на отворено, четири се активни, два се под контрола, а 12 се изгаснати

Pozar 1.webp.webp

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека до 18 часот на територијата на државата се регистрирани вкупно 18 пожари на отворен простор, од кои четири се активни, два се под контрола, а 12 се изгаснати.

Активни пожари има во Општина Новаци – с. Гнеотино, м.в. Ергела (ниска вегетација);
Општина Долнени – с. Ропотово и с. Бело Поле (стрниште); Општина Струмица – излезот од с. Сачево кон с. Муртино (стрниште и ниска вегетација); Општина Македонски Брод – с. Слатина, м.в. Слатински Мост (ниска вегетација и грмушки).

Пожари под контрола се во Општина Делчево – Депонија Делчево (депонија); Општина Македонски Брод – с. Грешница, м.в. Стојанова Населба (ниска вегетација, деградирана шума и грмушки).

Изгаснати пожари:
Општина Петровец – помеѓу селата Долно и Средно Коњаре (ниска вегетација);
Општина Карпош – Момин Поток (ниска вегетација и грмушки);
Општина Бутел – с. Луботен (ѓубре);
Општина Гостивар – с. Паталишта (ниска вегетација и нискостеблеста шума);
Општина Гостивар – Кејот на Вардар (ѓубре);
Општина Гостивар – помеѓу селата Чајле и Форино (ниска вегетација);
Општина Тетово – с. Селце (ѓубре);
Општина Василево – с. Доброшинци (депонија);
Општина Кичево – с. Црвивци (стрниште);
Општина Могила – с. Могила, кај реката (ниска вегетација);
Општина Могила – с. Могила (ниска вегетација и ѓубре);
Општина Прилеп – м.в. Германски гробишта (ниска вегетација).

Можете да прочитате

Ангелов: Состојбата со водата во Гостивар постепено се стабилизира, но се уште не е погодна за пиење и за готвење

Андоновски: Националниот дата-центар ќе ја обедини државната ИТ инфраструктура – помалку трошоци и повисока безбедност

Утре сончево и многу топло време, попладне локален дожд и грмежи