Утрински Весник
Македонија

50 санкционирани возачи на мопеди, мотоцикли и електрични тротинети во Тетово

768205323 1025787016846928 5783092582472100035 n.jpg

На 05.08.2026 во периодот од 17:00 до 23:00 часот Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи спроведе акциска контрола на подрачјето на Тетово, за санкционирање на возачи на мопеди, мотоцикли и лесни електрични возила (тротинети) кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

За време на контролата изречени се 50 санкции, од кои девет за возачи на лесни електрични возила (тротинети), 31 за управување мопед и мотоцикл без заштитен шлем (кацига), една за изминат рок на важност на осигурителна полиса, една за истечена важност на регистрацијата на мотоцикл, една за управување без соодветна категорија, една за управување под дејство на алкохол, една за други прекршоци сторени од возачи на мопеди и мотоцикли, три мерки за останати сообраќајни прекршоци и едно барање за правно лице.

Лишено од слобода е едно лице поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – управување со моторно возило (мопед) без да поседува возачка дозвола, а притоа мопедот е одземен.

Привремено одземено е и едно лесно електрично возило (тротинет), бидејќи било управувано од дете кое превезувало друго лице.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредниот период на територијата на цела држава, со цел санкционирање на сторителите, зголемување на безбедноста и заштита на учесниците во сообраќајот. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со што заеднички ќе придонесеме за побезбедни патишта.

Можете да прочитате

Просечната оценка од полагањето на сите три типа матура е 3,66

„Концерт под свеќи“ на „Охридско лето“ со виртуозот Стефан Миленковиќ и камерниот оркестар „Профундис“

СДСМ: Обвинителството веднаш да ги пронајде насилниците што ги нападнаа младите во Ново Село