Утрински Весник
Свет

Трамп им порача на нафтените компании „веднаш“ да ги намалат цените на горивата

Trampgovor.webp.webp

Американскиот претседател, Доналд Трамп, вчера ги повика „Шеврон“ и другите големи нафтени компании во земјата да ги намалат малопродажните цени на горивата, истакнувајќи дека индустријата треба дел од своите профити да пренесе и на пазарот.

Во објава на платформата „Truth Social“, Трамп ги поздрави остварените резултати на „Шеврон“, но ја повика компанијата и нафтената индустрија да ги намалат цените на бензинските пумпи.

„Ова важи и за другите нафтени компании… И намалете ја цената на нафтата за потрошувачите (малопродажбата) веднаш!“, напиша Трамп.

Неговите коментари уследија откако „Шеврон“ во петокот објави рекордна квартална нето добивка од 10,34 милијарди евра (12,1 милијарда долари), што покажува колку големите нафтени компании профитирале од глобалните нарушувања во снабдувањето предизвикани од војната со Иран.

Главниот извршен директор на „Шеврон“, Мајк Вирт, изјави дека зголемените тензии со Иран и нападите на Хутите врз саудиската енергетска инфраструктура го зголемуваат ризикот од нови нарушувања во глобалното снабдување со нафта.

„Сега гледаме дека не само Ормуската Теснина, туку и Црвеното и Црното Море носат ризици и неизвесности. Така, дел од предизвиците се проширија, а ризиците за снабдувањето се многу реални“, изјави Вирт во неделата за „Фокс њуз“.

Просечната национална цена на горивата во САД во моментов изнесува 4,10 долари за галон (3,8 литри) бензин, додека премиум горивата и дизелот можат да надминат и пет долари.

Можете да прочитате

Речиси два милиони евра приходи за Кипар од царината за мали пратки од трети земји

Во Газа се одржа масовен погреб на жртви од израелски напад извршен во 2023 година

Мароко тврди дека ја предупредиле Шпанија за ризиците од судската одлука за мигрантите, Мадрид демантира