Утрински Весник
Македонија

На Инфективната клиника уште еден сомнителен случај на западнонилска треска

Infektivna.webp.webp

Уште едно лице, на возраст од 76 години, кај кое е потврдено воспаление на мозокот и мозочните обвивки од вирусно потекло, како и позитивна серологија од серум за вирусот западен нил е хоспитализирано во текот на изминатото денонокие на Клиниката за инфективни болести. Со тоа вкупно седум пациенти се водат како клинички суспектни, а кај 10 е потврдено присуството на западнонилска треска од кои тројца се во критична состојба на Одделот за интензивна нега и се на механичка вентилација. Засега нема подобрување на нивната здравствена состојба. Сите пациенти се од Скопје.

Ова денеска го изјави директорот на Клиниката, д-р Фадил Цана, кој рече дека за да се докаже невроинвазивната форма на болеста и за седмиот сомнителен случај потребни се дополнителни испитувања на цереброспиналната течност.

Според него, ПЦР-технологијата не е златен стандард за дијагностицирање на невроинвазивната форма на западнонилската треска и затоа тие пациенти се подложени на дополнителни лабораториски испитувања и се лекуваат како пациенти со западнонилска треска.

– Инкубацијата на болеста трае до 14 дена. Никој не може однапред да предвиди како ќе се развива болеста во поединечен организам. Тоа што се знае досега е дека најподложни на потешка форма се повозрасните лица. Сите пациенти што се хоспитализирани кај нас се постари од 60 години и имаат придружни заболувања. Постарите лица, лицата со хронични заболувања, имунокомпромитираните лица т.е. со ослабен имунитет се најподложни на потешка клиничка слика. Кај околу 80 проценти од заразените болеста поминува лесно или дури и без симптоми, додаде д-р Цана. 

Можете да прочитате

Тошковски: Водата во Гостивар сѐ уште не е безбедна за пиење, смее да се користи исклучиво како техничка

Препораки за заштита на доенчињата и децата од топлото време

МВР поднесе кривична пријава против лице кое вербално го нападнало Мицкоски во Ташмаруништа