Утрински Весник
Македонија

Тешка сообраќајна несреќа кај Гостивар, повредени три лица

Soobrakajka.jpg

Едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а уште две лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила на регионалниот пат Гостивар – село Градец, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според информациите, несреќата била пријавена на 3 август 2026 година околу 10:30 часот, а во неа учествувале патничко возило „ауди“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Е.Б. (52) од Гостивар, и патничко возило „голф“ со германски регистарски ознаки, управувано од А.С. (30) од селото Добридол.

Во судирот, возачот А.С. се здобил со тешки телесни повреди, додека Е.Б. и еден сопатник се здобиле со телесни повреди, кои биле констатирани во Ургентниот центар во Гостивар.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Гостивар.

Можете да прочитате

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите клучни за економскиот развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните

Радовишанец им се заканувал на вработени во странска амбасада, упатен на психијатриско набљудување

17 лица лишени од слобода во изминатото деноноќие, возеле без дозвола и под дејство на алкохол