Утрински Весник
Македонија

Состојбата во Гостивар останува стабилна – нема нови лабораториски потврдени случаи на западнонилска треска

Ministerstvo Za Zdravstvo1.jpg

Министерството за здравство информира дека епидемиолошката состојба во Гостивар останува стабилна и континуирано се следи од надлежните здравствени институции.

Во текот на 2 август се регистрирани вкупно 84 први прегледи, што е за 27 повеќе во споредба со претходниот ден, кога беа евидентирани 57 прегледи. И покрај дневното зголемување, бројот на прегледи останува значително понизок во однос на пикот од 18 јули, кога беа регистрирани вкупно 649 прегледи.

Во однос на западнонилската треска, до Институтот за јавно здравје не се пристигнати нови лабораториски потврдени случаи. Последните примероци од суспектните случаи се негативни на PCR-тестирањето. Исто така, на Клиниката за инфективни болести нема новопримени пациенти со сомнение за западнонилска треска.

Министерството за здравство, во координација со надлежните институции, продолжува внимателно да ја следи состојбата и навремено ќе ја информира јавноста за сите нови релевантни податоци.

Можете да прочитате

Над 17 000 лица ја напуштиле државата на ГП „Богородица” во последните 24 часа

Изминатата недела над 70 лица приведени во акциски контроли за недозволена трговија со дрога

Километарски колони од возила упатени кон границата со Грција го блокираа сообраќајот во Стар Дојран